Проф д-р Весна Јаневска ја коментира изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, дека „граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина.
Согласна сум. Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст.
Што се однесува до образованието Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.
Ја информирам г-ѓа Лукаревска дека и минатиот пат најавуваа намалување на административната работа на наставниците, ама не ја намалија, дуалното образование, проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува и ја прашувам кој ги спречуваше до сега да спроведат ревизија и евалуација на дипломите, не на сите, барем на оние сомнителните?
Не ме плаши кражбата на идеи од програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, презентирана ширум земјата, ме плаши безидејноста на СДС и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција со која ќе може да соработува, во корист на народот. Тоа е што е, но ние знаеме и можеме, а и сакаме.
Уште малку и Македонија пак ќе биде наша.
#МакедонијаПовторноТвоја“, се наведува во реакцијата на проф. д-р Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.