Проф.др Ирена Алексиоска-Папестиев во интервјуто за „Република“ проговори за инфраструктурните проблеми со кои се соочува здравството и за ветените но неоставарени проекти од страна на актуелнaта власт.
Инфраструктурата е во многу лоша состојба.Клинички центар се ветуваше а веќе имавме готов проект со одобрени средства од Светска банка.Тој беше прекрасно замислен.На местото на старата гинекологија се планираше да се изгради тој современ центар кој со топли ходници ќе беше поврзан со хируршките клиники кои исто така требаше да бидат реновирани.Имаше планирано и две катни гаражи и да немаше сообраќај во самиот Клинички центар туку пациентите да се движат низ покриени ходници.Штета што не се реализира и сега плаќаме пенали-објаснува професорката за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.