Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи со Ковид-19 и 321 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.06.2022 и 30.06.2022г., соопшти Министерството за здравство.
Од 504 новозаболени од Скопје се 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а на активни случаи изнесува 2.490.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.