Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд.
Како што велат од судот, во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство.
Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни, велат од таму.
Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.