Премиерот Ковачевски во неколку наврати има лош однос кон одредени медиуми и новинари, нарекувајќи ги дека уредувачката политика им наликува на партиски сектор за комуникација, како и ги прашува новинарите од кои медиум доаѓаат за да размисли дали ќе им одговори.
На вчерашното недолично однесување на ппремиерот Ковачевски, реагираа и од Македонската асоцијација на новинари (МАН) кои побараа од Јавното обвинителство веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза.
Ваквиот пример на некоректно однесување на премиерот Ковачевски, го следат и неговите министри во владата, кои наместо транспарентно да одговорат на новинарските прашања за теми кои се од интерес на граѓаните, ги окарактеризуваат новинарите како проопозоциски настроени.
Да потсетиме Министерот за економија Бектеши во февруари 2023, пред да одговори на новинарско прашање околу висината на цената која се плаќа за природниот гас, во прес-центарот на Владата се скара со новинарите велејќи им дека имаат добра соработка со колегите од другите телевизии штом се поставуваат нивните прашања.
Додека пак вицепремиерот Груби се Вицепремиерот Артан Груби се искара со новинарите во Владата, кои се интересираа за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10. Откога тие се интересираа за променетата сопственост на компанијата што треба да ги гради овие патишта, а по нецелосни одговори од вицепремиерот, еден новинар му рече: „Вие забегавте“. По ова, Груби врати: „Не, вие забегавте“. „Пред да продолжиш, да ми се извиниш затоа што забега“, му рече Груби на новинарот на „Телма“, Миомир Серафиновиќ, а кога доби извинување, Груби продолжи со дрското однесување: „Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам, без разлика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.