Бидејќи сум дел од образовниот процес на одреден начин можам да кажам дека откако оваа влада на ДУИ и СДСМ е дел од владата, нема година да не почне со проблеми коишто се поврзани со образованието, немање учебници итн., а повторно ќе кажам, присетете се на оние билборди коишто велеа европско образование, бесплатно и не знам какво, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу проблемите на стартот на новата учебна година.

Мицкоски исто така истакна дека луѓето од власта овие проблеми ги предизвикуваат бидејќи преку тендерите гледаат можност за лично богатење и се многу неорганизирани.

„Тоа го прават поради две работи. Првата работа е затоа што преку тендерите гледаат можност за местење, профитирање и лично богатење, односно да сумирам крадење и втората работа, дури и тука слабо можат да се организираат, па некако ја пропуштаат годината секоја година, па децата дури и на крајот од учебната година ги добиваат учебниците. Значи покрај тоа што имаме мафија во здравството, имаме и мафија во образованието“ потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ова се реалните проблеми. Некако исчезна тој билборд за бесплатно европско здравство, исчезна билбордот за бесплатно европско високо образование итн., проблемите ни останаа. За жал тешката и мачна реалност ни остана. Бирократите од Брисел доаѓаат, остануваат тука по неколку часа, си заминуваат, ни ветуваат, а со проблемите за жал вие, ние треба да живееме“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.