Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, јавува Телма. На телевизиската екипа не и бил дозволен пристап до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид.
Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.
Според првичните информации, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.
Во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови.
Повеќе на Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.