Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во посета на Јавниот сервис МРТ.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ, на која се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката. На средбата стана збор и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за овој значаен процес и ја нагласи важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество.

Претседателот Пендаровски ги посети и просториите каде што се складирани архивските материјали, направи увид во условите во коишто се чуваат, а беше запознат и со дел од содржината на аудио и видеозаписите.

За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.