Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клаин.
На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски.
Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција.
Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка.
Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.