Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.
Како што најавија од Генералштабот, за време на посетата на Министерството и на Генералштабот, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и со високите раководни лица во Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.