Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.
Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.
Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.
Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели, истакна Сиљановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.