Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.
Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.
ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.