Претседателот на Судскиот совет и неговиот заменик во иднина ќе се бира од кој било член со право на глас во ова тело, што значи дека се менува досегашното правило дека на чело на Судскиот совет може да застане само оние членови кои се предложени и избрани од страна на Собранието.

Уставниот суд оцени дека ваквата досегашна одредба е неуставна и ја оцени како ограничувачка со што донесе одлука да се укине.

Судот оцени дека е неуставно ограничувањето на изборот на претседател и негов заменик на Судскиот совет само на членовите кои се избрани од Собранието, додека останатите членови на Советот со право на глас се исклучени. Според Уставниот суд, укинатиот дел од наведениот член е спротивен на владеењето на правото и поделбата на државната власт, вели Кристина Беловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.