Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција потврди дека вчера е извршен претрес и во политичката партија Десна, на која ѝ припаѓале сите осомничени лица поврзани со грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жеожовски.
Според Спасовски, извршени се разговори со повеќе лица, а по претресот се пронајдени „извесни информации“.
Во моментов, основачот на партијата и првоосомничен за двете убиства, Љупчо Палевски Палчо е во бегство. Според информациите на полицијата, тој ја напуштил Македонија на 30 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.