За денеска во 12 и 30 часот е закажана пресудата за случајот „Талир 2“. Ова не би било ништо чудно ако не се знае дека завршните зборови кои треба да бидат одлучувачки за судијата не беа изнесени пред неполни 20 часа.

Но,очигледно е дека судијата Даниела Алексовска Стојановска однапред ја има донесено пресудата и дека вчерашните завршни зборови на обвинетите и нивните бранители за Стојановска немаа никакво значење.

По такви завршни зборови на кои јасно се докажа дека немало ништо незаконско во договорот за соинвеститорство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АД Бетон.

Исто така Кирил Божиновски како тогашен Генерален секретар Кирил Божиновски не одлучувал за иградбата на објектот туку дека само ги спроведувал одлуките на партиските тела.

Веќе е јасно дека целта со денешната пресуда е да се уништи ВМРО-ДПМНЕ особено сега кога е очигледно дека набрзо ќе има избори.

А за власта е најдобро ВМРО-ДПМНЕ воопшто да не постои.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.