Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата. Владата ги објави мерките и препораките за штедење на струја.
Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година.
Препораки за домаќинставата:
- Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.
- Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури
Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом. - Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите
- Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите
- Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси
- Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата
- Користете ја машината за миење садови секогаш полна на на ниска тарифа на електрична енергија
- Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија
- Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив
- Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него
- Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони)
- Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата
- Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност
- Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом
- Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици
- Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила
- Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови
- Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост)
- Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн)
При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност - Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти
- Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина
- Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени
- Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода
- Користете на скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија
- Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво
- Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите
- Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи
- Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.