Пренџов: Власта да одговори каде се младите

Македонија 01.04.2022 / 23:12

Ако останеме со 132.000 непопишани граѓани, ако не знаеме кој е православен, кој е муслиман, кој е атеист, како ќе влечеме од заедниците права и обврски во Уставот. Пописот ќе го отсликува тоа понатаму во Уставот, смета Љупчо Пренџов од Гром.

Ние имаме капацитет како држава ако треба повторно да направиме попис, и тоа нема да чини многу средства, ќе биде со скромни средства и ќе го направиме како што треба. Инаку, кога ги гледате овие бројки, имаме некомплетиран попис. Не можеме да ги оставиме тие 132.000 луѓе така и да не ние гајле за нив“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

Пренџов додаде дека огромна недоверба кон Владата и институциите имаат граѓаните на Република Македонија. А, тука се вклучува и една третина од членовите на СДСМ кои што не излегоа и не ги поддржаа кандидатите на оваа партија.

„Кога овие 132.000 граѓани ќе се распоредат согласно пописот, кога тој ќе заврши, бидејќи според мене не е завршен, тогаш ќе ги добиеме сличните или истите резултати кој што го имавме во 2002 година“, заклучи Пренџов.

Пренџов посочи дека освен ДУИ и СДСМ никој друг не е задоволен од пописот, и тоа е факт.

„Ако ги имаме истите резултати кога ќе заврши пописот, тогаш ќе мораме да погледнеме неколку работи, на пример дека во 2002 година млади луѓе на возраст од 15 – 29 години во оваа држава имало 480.000. А, денес со овој попис имаме 326.000 луѓе. Тоа се темите кои што треба да се разговараат“, рече Пренџов.

Пренџов укажа дека власта треба да одговори кај се младите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş