Се наоѓаме во шестата година на власт на СДСМ и ДУИ и она сивило кое што го видовме во АНБ, и сум многу загрижен како граѓанин е сивило во секој сектор. Значи каде и да отворите имате сивило и неуспех. Значи каде и да отворите, еве во образование нема свидетелства, а сега нема учебници, дали во здравство, шампиони сме по стапка на инфлација, второ место сме по мизерија за живот на граѓаните, нема право и правда, нема доверба во судството и обвинителството и сега на ред дојде и Агенцијата за национална безбедност и мене тоа ме загрижува, вели Љупчо Пренџов, пратеник и претседател на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ.

Пренџов посочи дека проблемот на АНБ започнува уште пред два месеци кога добил писмено барање од директорот на АНБ за свикување на комисиска седница каде што требало да се разговара за внатрешната контрола, но пратениците од СДСМ и ДУИ не присуствувале.

Клучната работа која што се случува во АНБ има неколку прашања кои што би сакал да ги продискутираме овде а не се класифицирана информација. Проблемот на АНБ се виде пред речиси 2 месеци стигна писмо од директорот на Агенцијата во која што тој вели согласно законот јас како претседател на комисијата треба да свикам комисија во рок од 14 дена и да дадам согласност и да дискутираме за внатрешна контрола. Јас тоа го испочитував бидејќи е согласно закон, ја свикав комисијата, но пратениците од СДСМ и ДУИ не се појавија на таа комисија. И сега не знаете дали некој го пушта Виктор Димовски од сопствената партија, дали да им се верува на сите оние гласини на колегите, медиумите дека има четири клана за борба во АНБ, дали е проблемот внатре, дали има некоја организација, кој го организира тоа, дали за тоа се земени финансиски средства и тоа се реалните прашања за кои треба да дискутираме – изјави Пренџов.

Ако денеска следевте пратенички прашања премиерот не знае да одговори на прашањата од опозицијата, ама на прашањата од власта каде што е договорено тогаш знае се да одговори, додаде тој.

Пренџов рече дека премиерот редовно добивал брифинзи согласно уставот и законите и требало да бие информиран за тоа за што бил баран Онишченко.

Премиерот согласно Устав и закон добива редовни брифинзи од директорот на АНБ.

Суштинските проверки на АНБ се прават во месеците март, април и мај, а конечно на седница на 31 мај се дава позитивно мислење за државјанството, така што премиерот требало да знае. Ние сме членка на НАТО и се што доаѓа со руски пасош мора да се провери сериозно. Премиерот требал да биде информиран за тоа зошто е баран Онишченко и кој го бара – објасни Пренџов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.