Пратеникот Љупчо Пренџов ја коментира вчерашната собраниска седница, на која не успеа да се донест измените на Законот за работни односи.
Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога околу 60 судии и 13 обвинители ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон.
Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Мицевски обвини дека власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, и праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители.
Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“.
„Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев.
„Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.