Господине премиер излезете и одговорете и на оваа јавност на овие граѓани, вклучително и на пратениците на СДСМ, дали со влезот на Алијанса на Албанците во владата ќе имаме помала инфлација, дали ќе имаме пониски цени на рафтовите во маркетите и на пазарите, дали граѓаните ќе имаат поголеми плати, дали ќе имаме правна држава и дали Република Македонија ќе биде барем 5 проценти онаква каква што вие ветувате 6 години. Одговорете и на јавноста, бидејќи во овие ваши византиски игри и комбинаторики највеќе даваат СДСМ и Алтернатива а ДУИ не дава ништо од министерства, ништо од директори дали премиере расколот во СДСМ е поголем од оној на ДУИ кој што е барем очиглед на јавноста“, нагласи Пренџов.
Пренџов истакна дека премиерот треба да и одговори на јавноста дали смее збор да му каже на министерот за образование, Јетон Шакири каде што година дена децата учат од тетратки, без учебници.
„Премиере одговорете и на јавноста бидејќи во мачо стил кажувате за оној немил настан, за кој што не сакам да правам политички поени, дека сте му рекле на министерот за здравство да си поднесе оставка, а претходно три часа веќе сте го трампале и смениле на пазар три, дали господине премиер смеете збор да му кажете на министерот за образование Јетон Шакири кој што година дена децата наши учат од тетратки без учебници а нели итаме кон ЕУ, каде што знаењето се цени и наместо да седите во други простории станете да ве види сала и одговорете ги овие прашања“ , нагласи Пренџов.
Пренџов го повика премиерот да излезе и каже зошто сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација.
„Излезете и кажете дали е вистина дека за година дена премиер сме држава со најмалку инвестиции на Балканот, каде се работи и зошто коридор 8 не е почнат, дали имаме гасификација, немојте со флоскулите и тезите дека правите Европска коалиција а ќе се испотепате за министерски места. До колегите од Алијансата сметам дека многу евтино се продавате. Две министерски места се премалку да си ги дадете идеалите и борбата“, истакна Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.