Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека Талат Џафери е познат во јавноста по кршење на деловникот и злоупотреба на ЕУ знаменцето, а според него потребно е опозицијата да учествува во техничката влада за да се спречат злоупотреби на институциите.
Талат Џафери на јавноста и е многу добро познат, не и е познат по некои брилијантни потези во интерес на државата, на граѓаните и животниот стандард на меѓународниот рејтинг на државата Талат Џафери во јавноста е познат по тоа што заклучуваше врати на пратеници, по тоа што не почитува деловник, не почитува прописи, на јавноста и е познат по тоа што е еден од главните причинители за урнисаниот рејтинг на Македонија во ЕУ бидејќи го искина тоа европско знаменце со ставање на закони кои што немаат врска со ЕУ тоа впрочем ни го покажа и ЕУ со последните три извештаи за 21, 22, 23 година се трите најлоши историски извештаи. За тоа Џафери и те како е заслужен во тој поглед“, кажа Пренџов.
Пренџов во однос на техничката влада кажа свое мислење и потенцираше дека неопходно е да се влезе во техничката влада за да се спречат си можни малверзации, влијанија и злоупотреби на институциите.
За техничка влада се уште не сме разговарале, јас можам да ви кажам мое лично мислење јас сметам дека треба сите оние места кои што можат да се пополнат да се пополнат од страна на кадри на опозицијата затоа што е ве да почнеме со другарот на Џафери а тоа е господинот Фатмир Бесими кој што и е актуелен министер за финансии, тој истовремено е и шеф на изборниот штаб на ДУИ и сега замислете ако нема таму човек кој што ќе му стави вето на определени потписи во тоа министерство тој може да си го превземе и во Мала Речица да си го однесе вака народски кажано. Сметам дека во МВР треба да застане човек од опозицијата бидејќи гледаме таму дека има се освен ред, дисциплина и чување на јавната безбедност. Во социјална политика сме сведоци на изборите во 2020 година што ни се случуваше како се делеа ваучери и тн. Така што според мене јас сметам дека треба да се влезе и да се учествува во таа влада“, нагласи Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.