Нашата законска регулатива овозможува меритократија и вработување  на оние кои се најдобри. Сите треба да го спроведуваат законот и процедурите и тоа е единствен начин најдобрите да бидат ангажирани, а секаде каде има злоупотреби да бидат пријавени до надлежните органи, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање кога ќе престане принципот на партиски вработувања.

Премиерот нагласи дека луѓето кои тој ги ангажирал не се членови на политичка партија, а, како што рече, се работи за советници кои имаат поголемо искуство од неговото.

Благодарение на ангажирање на такви советници пред се мислам на советниците во делот на економијата, даночната политика, енергетските политики итн. ние сме држава која на најдобар можен начин се справи со енегретската и економската криза. Денес не зборуваме ниту за недостиг на струја, ниту за покачена цена на струја, бидејќи ја намаливме, не зборуваме за недостиг на храна, а знаете дека имавме недостиг на брашно, кога стапи оваа Влада не зборуваме за недостиг на рафинирано масло за јадење и веќе зборуваме за намалени цени на основни прехрамбени производи. Тоа е резултат кога ќе ангажирате експерти да ви помагаат во работата и јас секогаш сум се придржувал на тоа, потенцира премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.