Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.
Булеварското решение со кое Гевгелија се поврзува со автопатот, како што соопштија од владината прес-служба, чини 19 милиони денари и се реализираше во две фази.
Вториот проект на кој ќе присуствува премиерот Мицкоски е означување на почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан” во општина Гевгелија, проект во вредност од над 16 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.