Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Како што објави на својот профил на социјалните мрежи било разговарано за сет одлуки и сисметски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок.
На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата. Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати.
Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок, објави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.