Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во Општина Велес, соопшти владината прес-служба.
Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.
Потоа, Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ „Васил Главинов“.
Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.
Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.