Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската унија и реформите на овој пат.
Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.
Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.
Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.
Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, објави Мицкоски на социјаните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.