Бети Стаменкоска-Трајкоска, пратеничка на денешната собраниска седница зборуваше за разрешувањето на министрите каде укажа дека премиерот Ковачевски во неговиот говор ниту еднаш не го споменал зборот разрешување.

Денес повторно зборуваме за разрешување, а да ве потсетам премиерот не зборуваше за разрешување  бидејќи тој во неговиот говор ни еднаш не го спомна зборот разрешување и држеше сосема неточен говор. Премиере, додека сме на оваа тема разрешување ајде направите едно антидатирање какво што направивте претходно за оваа тема и дополнително да го вклучиме и министерот Оливер Спасовски. Бидејќи зборувавме деновиве за се кога е поврзано со разрешување, па јас да дадам неколку причини и зошто Оливер Спасовски треба да биде на оваа тема за разрешување, исто како што и останатите министри од оваа влада вклучувајќи го и премиерот треба да бидат разрешени  т.е да си поднесат оставка, рече таа.

Стаменкоска – Трајковска во текот на своето обраќање  се осврна на изјавата на Спасовски кој пред неколку месеци најавил разрешување на истрагата поврзана со лажните дојави за бомби и укажа дека и по една година од дојавите сеуште нема  изнаоѓање на решение.

Изјава на 16 ноември министерот Спасовски тврди дека истрагата е при крај и многу набрзо тогаш ветува дека ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби како и дека се вклучени сите капацитети на министерството за внатрешни работи. Тогаш министерот во 2022 година ветувал дека ќе се изнајди набрзо решение за лажните дојави, дека ќе има услови за овозможување на образовниот процес, но еве сведоци сме скоро една година дека никој не може да се справи со ова. Сведоци сме дека против тие напади и закани што се случуваа поврзани со образованието се случуваат и многу други поврзани во други сфери од нашето општество, кажаа таа.

Стаменкоска-Трајкоска говореше за партизацијата во институциите кои ја прават властите.

Да надополнам зошто сакам да ве замолам да ме слушате, сопругата и синот на Зекир Рамчиловиќ ги вработи во МВР, дали тоа не е причина за разрешување кога вие колеги во вашата програма имавте слоган дека нема партизација на институциите. Дали овде вредат да се надополнат дополнително Бочварски, сопругата што си ја вработи и сопругата и сестрата на сопругата, Бухова, која си го вработи својот син, Бектеши, кој си ја вработи сопругата…. Дали ова не е партизација, запраша таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.