Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска купуваше бел леб во маркет. На својата официјална страница на фејсбук објави дека бил лично да се увери во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите.
Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните. Со новата владина за одлука за снабдување на лебот со замрзната цена, го штитиме стандардот на граѓаните.
Ги обврзуваме трговците на мало кои продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80% од лебот по цена од 33 денари. Пекарите имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи!, објави Ковачевски на Фејсбук.
фото: Влада на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.