Вработените во „Пошта на Република Македонија“ од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември.
Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошта за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.
Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов, најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.
Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.