Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница.
Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија, а од 2009 суди во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел.
На дневен ред на денешната седница се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка.
Пред пратениците се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, и двата по скратена постапка.
Меѓу другите точки се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина (јули 2023-јануари 2024), како и Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.