Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ го ставија својот потпис на францускиот предлог. На денешниот протест против, како што велат бугаризацијата на македонската нација, пред македонското МНР, со кое раководи Османи беше поставена маса на која „тројцата“ предавници „ставија потпис“ на предлогот кој, според граѓаните кои секој ден излегуваат на улица да го искажат револтот од политиката на македонската власт.
Позади масата беше поставен транспарент со ликовите на Османи, Ковачевски и Мариќиќ. Пред да биде покажан транспарентот, тројца млади со маски на споменатите функционери седеа на маса и потпишуваа листови хартија.
Во еден момент, младите ги тргнаа маските, под кои имаше други маски со бугарското знаме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.