Пред Инфективна клиника течат фекалии и се слеваат во шахта, се шири неподнослива реа, апелираат од Здравствената комисија на ВМРО ДПМНЕ.

Вака ли треба да изгледа „темелно исчистениот” клинички комплекс како што информираа надлежните? Ова ли е тој посебен фокус за грижата за хигиената, значаен и за пациентите и за здравствените работници, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Негрижа и континуирано запоставување на овој сегмент – хигиената во комплексот клиники за што сведочат секојдневно здравствените работници и пациентите.
Пред Инфективна клиника течат фекалии и истите се слеваат во шахта и се шири неподнослива реа, веќе подолг временски период, а ниту една институција не се смета за надлежна.

Со цел да не доживееме една епидемија на инфективни болести заради неспособност, неодговорност и неработа ги повикуваме одговорните кои се фалеа дека „направиле генерално чистење” да се фатат за работа со цел да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.