Министерските позиции во здравство и правда веќе се договорени меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците. Според изворите на МКД.мк на местото на Никола Тупанчески нов министер за правда ќе биде Кренар Лога, актуелен член на Државната изборна комисија од АА, инаку правник од Струга. Беким Сали од Алтернатива ќе биде заменет како министер за здравство од страна на д-р Фадил Цана, специјалистот инфектолог од Гостивар вработен на клиниката во Скопје.

Неофицијалните информации на порталот велат дека АА бара од СДСМ да го даде и директорското место во Управата за јавни приходи. Се бараат и други места – заменичко место во Министерството за труд и социјална политика, раководни позиции во царина, МВР, во финансиска полиција, инспекции…

СДСМ сметаат дека не губат ништо, велат изворите на „Телма“, затоа што отстапки ќе направеле помалите коалициони партнери, кои би дале позиции за СДСМ, а за таа сметка ќе добијат вработувања. Како што дознава телевизија, Алтернатива, освен Министерството за здравство, не отстапуваат директорски позиции.

МЕПСО останува кај Албанците, но не кај ДУИ, туку кај Алтернатива или Алијанса, зависно од договорот.

Секторските директорски места нема да се менуваат партиски, туку е можна смена на раководните лица. Се очекуваат многу рокади, во повеќе сектори.

Епилогот, кој се очекува да бидe соопштен утре, по средба меѓу Ковачевски и Таравари, ќе зависи од успехот на денешните раговори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.