Официјална комуникација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.
Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање, каква е комуникацијата помеѓу пратениците во Собранието по изјавата на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека официјална комуникција нема.
Како што кажа и претседателот на нашата партија комуникација официјална нема. Ние го соопштивме нашиот став дека од тој момент натака сеуште е важечка нема да се разговара за никакви понуди освен за одржување на предвремени парламентарни избори. Така што официјална комуникација помеѓу пратениците од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Стојановски.
Неофицијална комуникација има, а според него се одвива во работните тела односно собраниските комисии.
-Во работните тела, да има неофицијална комуникација, но официјална комуникација од аспект на прашањето што ми го поставивте нашиот став е јасен и имаме можност да комуницираме само за тоа, дециден е Стојановски.
Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски веќе одамна не оди на редовните понеделнички средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, но тие и покрај тоа остваруваат неформална комуникација. Тоа може да се потврди и со закони кои пратениците ги гласаат или со присуството на седници и дебатите.
Во Собранието денеска прес-конференција имаше само Стојановски, кој кажа дека пратеничката група нема да ги поддржи законите за даноците за солидарност, за ДДВ и за добивка. Во објектот на Парламентот сретнавме само уште двајца пратеници. Следната нова седница е закажана за 18 јули, кога би требало да се одржат продолженија и на стари седници за да се гласа за закони за кои расправата заврши минатата недела. Најави за доаѓање на уставните измени во Собранието се уште нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.