Левица денеска објави дека пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ за шест месеци наплатил 60 536 денари за патни трошоци

❌Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ од Велес за изминатите шест месеци односно од септември 2021 година до февруари 2022 година наплатил 60 536 денари за патни трошоци, покрај месечната плата што изнесува околу 100 000 денари❗️
Коциќ заедно со пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа ПРОТИВ предложени измени во Законот за јавни патишта односно намалување на цената на патарините за 50% , како и воведување на апанажа за работниците кои беа предложени од пратениците на Левица.
Ние прашуваме, дали пратеникот Ненад Коциќ при плата од околу 100 000 денари, трошоците за превоз до Скопје, ќе почне да си ги плаќа или ќе продолжи да користи патни трошоци како досега, на грбот на народот?
✅Левица како политичка партија се залага за патни трошоци во износ од месечна автобуска карта за да не се продолжи злоупотребата на народните пари од страна на ненародните пратеници❗️ – обвини Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.