Халил Снопче од Алијанса за Албанците во емисијата 24 отворено рече дека како опозициона партијата дејствуваат да дојдат на власт.

– Се поставува важно прашање, кој е вистинскиот блокатор на Собранието, на работите кои се поврзани со правата и слободите на граѓаните. Тие права се гарантирани со уставото и во било која држаа, тие се неприкосновени. Зошто Џафери, за кој сметам дека е вистинскиот блокатор на работата на Парламентот, не дозволува расправа во Собранието за точки и за претставки на граѓаните кои сметаат дека нивните права се загрозени и кои се дискриминирани од институциите на системот, рече Снопче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.