Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вечерва гостуваше во емисијата ,,Отворено” на телевизија 24 и говореше за активната блокада на Собранието која денес стапи на сила. Мицевски рече дека сега активностите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат многу повизибилни, се блокира националната катастрофа која владата ја испраќа како порака до граѓаните.

– Понудивме разумни решенија, четири тима за помош, тоа се експерти кои ќе помогнат во неколку области, тоа се образованието, економијата, надворешните работи – тоа се тимовите кои ќе помогнат на владата како тимови и ќе понудат активни мерки за надминување на состојбата.
Во Собранието имаме поднесено 27 закони и не е прифатен ниту еден да помине по скратена постапка. Ако опозицијата нема што да понуди, да се остави транспарентноста да се дискутира за тие можности. Се решивме на активна блокада зошто државата се наоѓа во сериозна состојба со четири активни кризни состојби кои се прогласени од страна на владата, имаме зголемување на јавниот долг, раст на потрошувачката и ценовен шок, имаме зголемување на горивата, имаме проблем со прехрамбените продукти, дополнително ќе имаме проблем со почетокот на зимата и со енергијата и обезбедување на гас затоа што Европа веќе се спрема за зима, а ние не сме спремни пролетта да ја дочекаме – рече Мицевски.

Мицевски додаде дека токму затоа се решиле за оваа активна блокада бидејќи во Македонија се случува национална катастрофа и во иднина сите оние штетни закони и мерки кои ќе бидат предложени, ќе бидат блокирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.