Одлуката на Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД Нед Прајс.
Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Македонија во НАТО, рече Прајс на брифинг на Стејт департментот, одговорајќи на прашање на Гласот на Америка.
Прајс посочи дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.
Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.
Ја повикуваме и Србија да се држи до европски пат, да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече портпаролот на Стејт департментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.