Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека кога ќе се изберат нови членови на Управниот одбор на Фондот за здравство, ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови на која нов лек се нема најдено 15 години.
Чекаме да се избере новиот Управен одбор. На првата седница на Управниот одбор на Фондот, позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на ФЗОМ.Предложените лекови не се спорни, туку се прифатени и нема да има голема финансиска импликација врз буџетот. Со ова, после 15 години ќе биде проширена позитивната листа за првпат, а до крајот на годината се надевам ќе ја прошириме и со нови неколку лекови, изјави министерот Таравари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.