Центарот за управување со кризи информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево.
Во општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај селото Белица, во општина Штип е опожарена нискостеблеста шума на планината Серта, а во општина Врапчиште горат пасишта во истоименото село. Во општина Могила во пределот меѓу селата Могила и Беранци гори ниска вегетација и стрниште, а во општина Делчево кај селото Бигла гори ниска вегетација и шума.
Според информациите на ЦУК, вчера имало вкупно 33 пожари од кои 28 се изгаснати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.