Денеска продолжи седницата на Комисијата за европски прашања. Седницата се одржува во друга сала, затоа што при вчерашното насилие на претседателот на комисијата Арбр Адеми, беше уништен дел од техниката во салата.

Во новата просторија, пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ ги зафатија сите столчиња, па седницата почна со мало задоцунвање. Пратениците од власта стојат во вториот ред.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираа на барањето на потпретседателката на КЕП, Арта Биљали Зендели за да се започне со дискусија по Законот за работни односи. Бараат, според деловникот, седницата да трае два дена, но да не се смета вчерашниот ден, затоа што тој завршил со процедуралните забелешки, а едвај бил изгласан дневниот ред.

Денеска продолжуваат со истите прашања, тропаат по масите и постојано бараат процедурално да се обратат. Седницата ја предводи потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали Зендели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.