Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение.

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни.

Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа, се наведува во повикот.

Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси: [email protected] и [email protected], најдоцна до 15 декември 2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.