ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Штип, при што посочи дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата.

Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата – истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат на билатерална основа, официјално со претставници од владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.