„Република Cеверна Македонија има можност да почне вистински преговори со ЕУ, по исполнувањето на нејзините обврски усвоени од Парламентот и од Советот на ЕУ. Улогата на евроинтеграцискиот процес е важна, се работи за модернизирање на општеството, владеење на правото, екологијата, одбраната, образованието…“, изјави вечерва бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на одбележувањето по повод Националниот празник на Бугарија.

Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.

Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, рече Ангелов.

Тој кажа дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.

Ова е можно само преку остварување средби и контакти – потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари. Соочени сме пред нови предизвици – агресијата на Русија врз Украина, ние остро ги осудуваме овие дејствија. Војната покажа дека беше од голема важност членството на Република Cеверна Македонија во НАТО, нешто што Бугарија безусловно го поддржа, кажа Ангелов во обраќањето по повод Националниот празник на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.