Постапките и законите се почитуваат од Законот за учебници, на првиот повик се појавија повеќе од 10 компании, значи имаат пристапна конкуренција. Исто така, во постапките не одлучува министерот, вклучено е и упатство за работа, има и комисија, има и рецензенти и експерти кои имаат долгогодишно работно искуство во овие работи, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во одговор на новинарско прашање за начинот на избор на фирма во тендерските услови за учебниците за време на денешната прес-конференција поврзано со безбедноста на училиштата.

Во буџетот се обезбедени буџетски средства за целосно да се исполнат барањата на основните и средните училиште оваа учебна година. Исто така, се обезбедени буџетски средства и наредната учебна година да се обезбедат учебници за сите основни и средни училишта. Значи, ќе имаме учебници, буџетски средства за сите основни и средни училишта вклучувајќи и странски јазици кои се подолг период, додаде Шаќири.

Тој ги повика сите страни да ги следат сите постапки од начинот на одобрување, начинот на согласност, да бидат вклучен во целиот процес на издавање, односно одобрување на учебник за странски јазик, исто така и во постапките за печатење на учебниците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.