Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од дискусиите за новата Влада. Во моментов пратениците се на пауза, при што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи за текот на последното продолжение на оваа седница, кое треба да заврши со завршните зборови на премиерот.
„Најавувам половина час пауза и ги поканувам координаторите на пратеничките групи на консултации. Со ова, по паузата да ја затвориме дискусијата за предметното прашање. Половина час пауза“, рече Џафери.
Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата и за составот на владата се одвива два дена.
Седницата почна вчера, додека гласањето на новата Влада мора да се одржи пред полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.