Тешко ми е да прифатам дека ова се случувало. Тоа политичко вработување на луѓе си го направи своето. Кога политиката ќе влезе во здравството, тогаш се случуваат вакви работи. Ревизијата беше насочена кон материјално економскиот извештај, а не кон медицинскиот. ОЈО требало уште одамна да реагира, ревизијата е изработена во 2022, а сега сме 2023 година, изјави поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески во гостување на телевизија Алфа

Според д-р Ристески, многу ретко кој лек во онкологијата е готов, подготвен за употреба, туку лековите доаѓаат во вијали и потоа во зависност од параметрите на пациентот треба да се модифицираат во доза.

Секогаш при правење на дозата, се јавува остаток, а менаџментот на тој остаток на влијае на искористеноста, вели тој.

Докторот додаде дека ако буџетот за набавка на лекови е 10 милиони евра, 10 отсто остаток е загуба од еден милион евра.

КАТО системот е само мал дел. За жал, во 2017 не успеавме до крај да го споиме. Онкологија во обичен ден има не помалку од 250 припреми на терапии. И таму брзо се работи, има персонал кој е навежбан тоа брзо да го прави. За да се спреми лек, треба да се внесе во некаков носач, најчесто тоа е физиолошкиот раствор. 250 мл физиолошки раствор се става лек од четири милилитри, и вкупно тежината треба да биде 254 милилитри течност, изјави Ристески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.