Првиот митинг од кампањата за парламентарните избори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го заврши како и што го започна, со зборовите на великанот на организацијата, охриѓанецот Христо Узунов.

Охридскиот војвода Узунов напиша во неговото писмо пред последниот здив даден во жестоката борба против поробителот- мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација…Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата света Организација.

Христо Узунов е светол пример на лојалност, храброст и саможртва за слободата која денес ја живееме. Тој на само 27 години влегува во сопствената смрт оставајќи печат дека кога човека верува непоколебливо во нешто што е толку скапоцено, како сопствената татковина, тогаш е подготвен да ја плати секоја цена. Кога ова го гледаме, денес и кога Македонија е одземена, цената која ние денес треба да платиме е излегување на избори, со масовна присутност и мобилизација да победат стегите на криминалот, апатијата и назадувањето и со гласачко ливче и пенкало да се реши работата.

Затоа ви велам визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите, рече Мицкоски и потсети на зборовите на „Бисер балкански“, со кои народот гласно пее за Македонија.

Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.

„Победа“, нека ечи од сите краеви на татковината. Народот е на нозе. Надежта која ја создаваме е нашата енергија со која ќе ги промениме работите кои му тежат на овој народ. И ако некој се прашува ова се избори пред се за вас, за вашите семејства и заедничката иднина.

Кога го гледам мојот народ несреќен, нема индивидуална среќа. Ова е мојата најголема битка. Мојата единствена сила сте вие граѓаните на Македонија.

Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце! Македонија повторно твоја, порача Мицкоски од Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.