На кружниот тек каj црквата Св Петар и Павле во Ѓорче Петров утрово осамна транспарент на кој пишува „Драган кодошки дезертер и шпион“. Кој го поставил транспарентот не се знае.

Транспарентот најверојатно е порака за Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој изминатиов период држи прес конференции на кои тврди дека премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од војска со образложение дека поднел документ за трајно неспособен. Тој и ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од премиерот, бидејќи, како што влат, „трајно неспособен за војска“ не може да води влада. Ковачевски одговори дека имал некаков хируршки зафат, што не беше прифатено од опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.