Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска, го прозва пратеникот Драган Ковачки премиерот Димитар Ковачевски.

Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата. Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?, прашува пратеникот.

Ковачки прашува дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?

Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен? Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност. Народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка, вели Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.